Радио Кочани
Кочани

МНР потврди: 39 годишник од Кочани усмртен во Љубљана

2,861

Министерството за надворешни работи информира дека до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира МНР.

Амбасадата на Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

Словенечката полиција претхопдно соопшти дека на улица во Љубљана во петокот бил пронајден мртов човек, кој по анализите и истрагата, е идентификуван како маж од Македонија.

 Пронајденото безживотно тело, кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана, му припаѓа на 38-годишен државјанин на Македонија – потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана Шпела Шкопорц.

Според првичните неофицијални информации, тој бил претепан до смрт.

Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди – најави портпаролката.

Извор: Курир.мк

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio