Радио Кочани
Кочани

На 25. „Марш за ангелите“ родителите порачаа: Јавниот обвинител Коцевски поднесе сомнителен обвинителен акт

721

Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“од 16. март годинава, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред Судот во Кочани од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски побараа целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт, проширување на обвинението и кон другите вмешани лица,  итно преиспитување на решението за домашен притвор, како и обезбедување еднаков третман за сите осомничени.

  • Дали Вие и сите други носители на највисоки функции досега не се запрашавте дека од 16.03.2025 година повеќе немате функција? Вие имате мисија! Мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема!, рече Мита Тасева, мајка на починатиот диџеј, Стефан Цеце Тасев.

Таа и другите родители сметаат дека наместо вистина и целосна одговорност, оти се сведоци на пропусти и прикривања, при што биле принудени сами да го анализираат обвинителниот акт за да укажат на грешките. За нив поразително е тоа што дел од осомничените се со мерки на претпазливост и имало лица, кои како што рекоа,  си ја купиле својата слобода со пари.

Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени, порача родителите на починатите директно обраќајќи му се на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

Протестниот марш, дваесет и петтипо ред, започна од „Паркот на Револуцијата“, од каде поворката се упати кон Трговскиот центар, зградата на Управата за јавни приходи и полициската станица. Родителите петнаесетина минути стоеја на кружниот тек кај двојниот мост во Кочани и го блокираа сообраќајот. Оттаму се упатија пред зградата на Основниот суд и обвинителство.

Маршот  заврши каде и што почна, во „Паркот на Револуцијата“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio