Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва во големата сала на МКЦ во Кочани се одржа промоцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од редовите на СДСМ, Игор Христов.
На настанот беа претставени и кандидатите за членови на Советот на Општината.

Христов рече дека доколку ја добие довербата од граѓаните, неговите заложби ќе бидат Кочани да прерасне во чист, зелен, културен, безбеден, спортски и туристички град.
Ностиелката на Советничката листа Александра Коцева посочи дека по големата и незапаметената трагедија од март годинава, потребно е да се работи сложно за Кочани да стане повторно урбан и модерн град.
На промоцијата присуствуваше и потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
