Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Утре, 21 септември, во општина Зрновци ќе се одржи настан – поставување камен-темелник за изградба на Дом за стари лица, како дел од приватна инвестиција на компанијата „ЕКО ПАК ХИТ“ – Кочани.
На настанот ќе присуствува Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, и претставник од инвеститорите, официјално ќе го означат почетокот на овој значаен проект.
Присуство има највено и митрополитот Иларион, кој ќе изврши осветување на темелите на новиот објект.
Домот за стари лица претставува значајна инвестиција за општината, која ќе овозможи подобри услови за грижа на возрасната популација.
