Радио Кочани
Кочани

„Парк на Рецолуцијата“ во Кочани – Од 18 до 20 часот вечерва Вело Родео

427
Вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани ќе се одржи Вело Родео, активност што е дел од програмата за одбележување на Европската недела на мобилност, со подршка на Јуроп хаус. Се најавуваат музика, адреналин и креативност, активности и забава за сите!

Во објавата за учество се вели: Вело Родео е место каде што играта и учењето се спојуваат.
Предвидено е учесниците да возат велосипед на вело полигон со предизвици, потоа, Вело Меморија и LEGO игри
, бавна трка за развивање баланс и концентрација со награди од Вело Училишта и АМСМ.
Се завршува со музика во живо, одноно со настап на бендот „Без памет“ во кој членуваат средношколци од кочанските училишта.
Вело Родеото на Јуроп хаус во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани вечерва ќе се одржи во периодот помеѓу 18 и 20 часот. Носењето кацига е задолжително за сите учесници.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio