Радио Кочани
Кочани

Рокот за кандидатури заврши – познати носителите на листите за Советот на Општина Кочани (фото од носителите)

352

Ноќеска на полноќ истече крајниот рок за поднесување кандидатури за учество на локалните избори во Општина Кочани.

Со тоа, официјално се познати носителите на кандидатските листи за членови на Советот на Општината.

Носители на листите:

  • Група избирачи – Благица Сабовљевиќ Стоименова

  • Група избирачи – Аки Акиов

  • Група избирачи – Влатко Здравков

  • Партија ЗНАМ – Суад Мехмед

  • Партија Левица – Ванчо Мишев

  • Партија СДСМ – Александра Коцева

  • Партија ВМРО‑ДПМНЕ – Александар Андов

  • Коалиција „Искуство за успех“ (Либерално‑демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра‑Македонска конзервативна партија, Партија за целосна еманципација на ромите) – Катерина Христова

  • Партија Граѓанска иницијатива ГРИН – Благој Илиевски

  • Да потсетиме дека Радио Кочани вчеравечер разговараше со претседателката на ОИК – Кочани, Билјана Димовска Гичева при што ни ги соопшти деталите дека се поднесени девет листи за советници, како и шест кандидатури за градоначалници.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio