Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Ванчо Мишовски е носител на советничка листа на Левица во Кочани
Вечерва официјално беше поднесена кандидатурата на Ванчо Мишовски за носител на советничката листа од партијата Левица за Советот на општина Кочани.
Мишовски истакна дека со чест и голема одговорност ја прифаќа задачата и дека ќе се залага за вредности како правда, солидарност, еднаквост и борба против корупцијата, кои според него заслужуваат силен глас во локалната власт.
„Ќе се застапувам за интересите на граѓаните, ќе бидам отворен за предлози, критики и соработка, и ќе се трудиме за транспарентно, одговорно и чесно управување“, порача Мишовски.
Тој додаде дека повикува на обединување и поддршка од граѓаните, со цел, како што нагласи, „во општината да дојдат вистински народни луѓе“.
