Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОГЛАС
Моментално имаме потреба од 2 (две) ново вработени лица за работно место
Сетер – NOX
Одговорности и задачи:
- Брза дијагностика на дефектите
- Застои во производство сведени на минимум
- Комуникација и координација со лидерот на смена
- Координација и известување на лидерот на смена во случај на подолг застој
- Извршување на превентивно одржување
- Водење на грижа за резервните делови и известување до магационер доколку нешто не е во ред
- Почитување на безбедносните инструкции при работа со опремата
- Користење на заштитна опрема каде што е пропишано
- Исполнување на техничките барања и работење според прописи
- Поправка и одржување на машините во производство
- Инсталација на нови машини и опрема (доколку има потреба)
- Користење на техничка документација за опремата и водење на грижа за истата
- Ефикасна и фер соработка со останатите сектори
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Пожелно е претходно работно искуство
- Англиски јазик
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Висок степен на координација и работење со рака / око при употребата на различните алатки и инструменти кои се неопходни во процесот на склопување
- Флексибилност во поглед на работното време
- Желба за дополнително ангажирање заради исполнување на поставените цели и планови за испорака
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 16.09.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Сетер – NOX
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
