Радио Кочани
Кочани

(видео) „Супорт Кочани“: Создаваме „Гнездо“ каде младите ќе се чуствуваат сигурно и безбедно, со надеж за подобра иднина…

1,194

Во објект во „Крушарското мало“ во Кочани наспроти поштата, вечерва е отворен Центар за млади, односно Центар за психо-социјализација, кој, идејните творци, Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, го нарекоа „Гнездо“.

Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на А 1 операторот. Оваа општествено одговорна компанија и понатаму ќе вложува во активностите што во него ќе се реализираат.

Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психо-социјалзација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што тоа име симболизира место каде што се чуствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзувашсо другите и на крај, подготвен си да леташ сам.

  • Се надеваме дека создадовме место за дружење, кое ќе биде топло и тивко, место кое ќе овозможува надеж за подобра иднина на младите.

Во овој Центар ќе има бројни рабоилници – едукативни, креативни и психолошки,  ќе можеда се слика и црта, да се пишува, да се прават рачни изработки. Планирани се мотивациски говорници, активности за подобрување на психолошкото здравје и многу други нешта што ќе ги привлечат младите да создават нови вредности , информираше Ана Вучева од „Супорт Кочани“.

На отворањето на овој Центар за млади присуствуваа бројни гости, многу млади, претставници на донаторот – А 1 Македонија, луѓе од културниот и јавен живот во градот и државата, актери… пријатели на идејата за хуманизам, солидарност и единство што упорно ја „туркаат“ активистите на „Супорт Кочани“ после трагедијата од 16 – ти март годинава

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio