Радио Кочани
Кочани

Меѓународните противпожарни игри се поместуваат за 20 месецов

159
Доброволно противпожарно друштво Кочани
 ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА
Почитувани сограѓани, почитувани учесници и гости,
Со голема почит и должност кон трагично загинатите наши сограѓани во пожарот на 16 март 2025 година, во дискотеката ,,Пулс” – Ве известуваме дека поради шестмесечниот помен што ќе се одржи на 13 септември 2025 година, сите активности поврзани со најавениот настан на тој датум ќе бидат одложени за 20 септември 2025 година (сабота).
Искрено се извинуваме на јавноста и на сите учесници за закажувањето на истиот датум, бидејќи навремено не ја имавме информацијата за поменот. Веруваме дека ќе имаме разбирање од сите Вас, а пред сè од семејствата на починатите, на кои им изразуваме најдлабоко сочувство и почит.
Денот 13.09.2025 година ќе се молиме за покој и Царство небесно и ќе го чествуваме споменот за нашите прерано одлетани Ангели , одавајки им почит на нивното вечно почивачиште
 ДПД Кочани секогаш било и останува со своите граѓани – и во добро и во лошо, во радости и во таги.
 Ве информираме дека програмата, термините и локациите остануваат исти, со единствена промена во датумот на одржување.
Доброволно противпожарно друштво Кочани
по повод четиригодишнината од своето формирање организира :
 МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ПРОТИВОПОЖАРНИ ИГРИ
 20 септември 2025 (сабота)
 Спортски терени Бачалук – Кочани
 Почеток: 10:00 часот
На настанот ќе учествуваат екипи од:
🇲🇰 Македонија | 🇷🇸 Србија | 🇭🇷 Хрватска | 🇸🇮 Словенија | 🇧🇬 Бугарија
Екипите ќе се натпреваруваат на четири различни полигони, а во рамки на манифестацијата ќе се одржи и детски натпревар со учество на најмладите од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци.
 Ве покануваме сите да бидете дел од овој уникатен настан, исполнет со другарство, спортски дух и противпожарни вештини.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio