Радио Кочани
Кочани

Зоран Тодоров влезе во трката за градоначалник на Кочани

8,358

Кочани доби нов независен кандидат за градоначалник.

Зоран Тодоров пред речиси еден час ја поднесе својата кандидатура за градоначалник за претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври годинава.

 

Тодоров е роден во 1978 година во Кочани, а по професија е економист и долгогодишен граѓански активист.

Тој стои зад формирањето на повеќе организации и здруженија, меѓу кои Ротари клубот Кочани-Виница, „Воскресение“ и Одбор ,,За здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност ,,Сакам живот во Кочани”.

Во јавноста е препознаен по своите умерени ставови и ангажманот во реализирањето на повеќе значајни општествени проекти.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio