Радио Кочани
Кочани

Ќе има ли решение за деценискиот проблем на жителите од населбата „Дневна нега“? Одговорите ги побаравме денеска

1,612

Жителите од населбата „Дневна нега“, по децении ветувања и исчекување попладнево конечно ги видовме со насмевка на лицето.

По емитувањето на прилогот со наслов „Граѓани на Кочани живеат како во планинско село“ од градоначалникот Венко Крстевски, заедно со раководителот на секторот за уредување и располагање со градежно земјиште во Општина Кочани Влатко Димитров го посетија овој дел од градот.

Нашата камера и дрон го регистрираа настанот афтентично од лице место.

Пооучени од досегашните искуства и ветувања на жителите од улиците „Енгелсова“ и „Ѓорѓи Пулевски“ во Кочани не им преостанува ништо друго освен да веруваат и се надеваат дека нивниот децениски проблем конечно ќе биде решен.

Радио Кочани ќе ја следи сосотојбата и од едната и од другата страна и веродостојно, навреме ќе информира.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio