Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Утре во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ ќе се одржи молебен посветен на новата учебна година
Молитва за успешен почеток на учебаната година ќе се одржи утре во во храмот „СВ. Вмч. Георгиј“, а молебенот е закажан за во 8 и 30 часот и е посветен на учениците, професорите и студентите.
Годинава ќе присуствува и Митроболитот Брегалнички Иларион.
Молебенот се одржува традиционално секоја година пред почетокот на учебаната година, а учениците, професорите и студентите се со желби за големи успеси во учебната 2025/26, која треба да почне в понеделник, 1 септември.
