Радио Кочани
Кочани

В.д градоначалникот Венко Крстевски ја објави својата кандидатура за градоначалник на Кочани

545

 

В.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, денеска официјално ја најави својата независна кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, закажани за 19 октомври.

На празникот Успение на Пресвета Богородица, Крстевски порача дека одлуката ја донел со голема одговорност и почит и дека неговата цел е создавање на безбедно, чисто и модерно Кочани, град кој ќе се развива, но и управува од волјата на сопствените граѓани.

Ова е првото лето кога депонијата не гори и првото лето кога Кочани не дише пластика. Тоа не е случајност, тоа е резултат на работа, храброст и одлуки, истакна Крстевски, додавајќи дека во изминатите четири месеци како в.д. градоначалник постигнале значајни резултати.

Тој посочи и дека остварил дипломатски средби со повеќе амбасадори, со цел да обезбеди поддршка и партнерства за идниот развој на Кочани.

Јас не ветувам чуда. Јас покажав резултати. Ова не е политичка битка, ова е граѓанска обврска“, рече Крстевски, нагласувајќи дека неговата кандидатура е мотивирана од потребата да се врати достоинството на градот и гласот на граѓаните.

Со слоганот „Со срце и душа за Кочани“, тој порача дека ќе продолжи да работи транспарентно, чесно и посветено во интерес на сите жители на општината.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio