Радио Кочани
Кочани

Отворен новиот „Супер Кит Го“ во Кочани – Супер маркет со СУПЕР акции!

2,170

 

Големиот синџир маркети „Супер Кит Го“ денеска го отвори својот најнов маркет – лоциран на Градскиот плоштад, веднаш до зградата на Општина Кочани.

Уште од првите часови по отворањето, голем број купувачи го посетија новиот објект, каде што ги пречека модерен, простран и функционален простор, како и љубезен персонал подготвен да помогне во секој момент.

Од свежи намирници и пакувани производи, до хигиенски артикли, пијалаци, слатки, и сѐ што ви е потребно за домаќинството – „Супер Кит Го“* нуди сеопфатен асортиман по навистина пристапни цени.

За време на отворањето, голем дел од производите беа понудени со специјални акции и попусти**, што дополнително го привлече вниманието на купувачите. Атмосферата беше одлична – позитивна енергија, и што е најважно полни колички!

Ова ново проширување е уште еден показател за лојалноста на потрошувачите, но и за континуираниот раст и успешност на компанијата „Супер Кит Го“, која веќе е препознатлива по својата достапност, квалитет и грижата за секојдневните потреби на луѓето.

Со отворањето на маркетот во Кочани, компанијата прави уште еден чекор поблиску до граѓаните, нудејќи им можност да пазаруваат брзо, лесно и по цени што се прифатливи за сите. „

Супер Кит Го“ не е само маркет – тоа е место каде што секојдневието станува полесно, поорганизирано и поекономично.

Место каде што клиентот секогаш е на прво место.

Менаџерскиот тим ве поканува да го посетите маркетот, да ја почувствувате позитивната енергија и сами да се уверите во тоа зошто се повеќе луѓе го избираат „Супер Кит Го“ како своја прва станица за паметна куповка.


© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio