Радио Кочани
Кочани

Осумнаесетти марш на ангелите – „Aко нема правда ќе поставиме шатори пред Судот и Полицијата!“

1,066

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред Судот и Полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства нема да има за никој. Ова го порача подржувач на луѓето чии деца загинаа кобната ноќ, на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој, од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот  Марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал, држела  луѓе од други градови затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.

  • Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите.

Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршута како и претходно : Парк на Револуцијата, Трговски, Општина, УЈП, Полиција, Суд, со тоа што вечерва немаше вувузели и свирежи пред споменатите институции.

Родителите беа доста тивки, сестра на починато  момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи. На протестниот мирен марш присуствуваа тројца момчиња од повредените во „Пулс“, кои заздравуваат. Го подржаа маршот, а имаше и претставници на џамијата од Штип, кои исто така покажаа солидарност кон родителите што ги загубија своите деца.

Повеќе за осумнаесеттиот Марш на ангелите во видео материјалот објавен на фејсбук страната на radiokocani.mk

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio