Радио Кочани
Кочани

1, 2 милиони денари донација од АЕК за „Бели мугри“ – После 60 години „Киното“ во Кочани добива нова современа мобилна опрема

775

Со 1, 2 милиони денари донација од АЕК ЦК „Бели мугри“ ќе набави нова, современа и мобилна кино опрема Националната установа-Центар за култура „Бели мугри“ потпиша договор за донација со Агенцијата за електронски комуникации вреден 1 200 000 денари.

Финансиските средства добиени како донација од АЕК се наменети за набавка на современа мобилна кино опрема, која ќе ја замени дотраената – стара речиси 60 години, од основањето на Установата.

Кочанчани наскоро ќе добијат квалитетни кино проекции, благодарејќи на општествено одговорната институција АЕК. Целта на донаторите е да се овозможи креирање на редовен репертоар на филмски проекции и враќање на публиката пред големото филмско платно, особено по трагедијата што му се случи на Кочани на 16 март. Сметаме дека ова е еден од начините за заздравување на младите преку збогатени и разновидни културни содржини со современа техника на кино проекции. Повозрасната публика со носталгија се потсетува на 70- те , 80 – те и почетокот на 90- те години на минатиот век кога проекцијата на новите филмски остварувања на големо платно во тогаш Домот на културата „Бели мугри“ од нив биле доживувани како неопходна културна потреба.

Со помош на АЕК и помладите генерации ќе имаат можност да ја почувствуваат магијата на филмското платно.

в.д. директор м-р Габриела Стефановска

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio