Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
–Поради зголемената потреба на крв и крвни продукти во летниот период, ги повикуваме сите сегашни и идни крводарители над 18 години, да се приклучат на вонредната крводарителската акција што ја организираме в четврток, на 14 август во нашите простории. Со дарувањето на крв помагаме во обезбедувањето на доволно количество на резерви на крв и крвни продукти за населението во летниот период кога потребата од крв се зголемува, додадоа од Црвен крст Кочани.
