Радио Кочани
Кочани

Тошо Филиповски од Дубровник ексклузивно за Радио Кочани од Меѓународниот саем на плочи Dubrovnik Vinyl Fair

328

Вчера во Дубровник, Хрватска, се одржа Третиот меѓународен саем на грамофонски плочи насловен Dubrovnik Vinyl Fair, чиј организатор е Здружението на љубители на грамофонски плочи Дубровник 33/45.

Штандовите беа поставени на полустровот Лапад, попрецизно, во Увала Лапад, недалеку од плажите на најатрактивниот туристички центар во Хрватска – Дубровник.

Ексклузивно, за Радио Кочани, краток материјал со фотографии испрати Тошо Филиповски – Панкеро, пријател на нашето Радио и уште поголем пријател на македонската рок музика и грамофонските плочи.

Освен винили, во Увала Лапад, можеше  да се сретнат и други  физички носачи на звук. Имаше и аудио опрема, книги, стрипови, разни предмети од колекционери на користени плочи, од уметници, креативци… За време на саемот имаше винил слушалница организирана од здружението Дубровник 33/45, ди џеи, музика насекаде, реферираше Филиповски.

Според организаторите, годинава саемот бил со  најбогата понуда и рекорден број на учесници и посетители. Присутни биле излагачи од Подгорица, Сараево, Загреб, Белград, Ниш и за прв пат – и од Скопје.

Фотографиите што ни ги испрати Тошо, сами по себе зборуваат за атмосферата на овој меѓународен саем на грамофонски плочи што се одржа вчера на Увала Лапад во Дубровник, од 12 до 22 часот. Временски кратка манифестација, но интересна и привлечна за вљубените во слушање музика на носачи на звук од шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години на дваесетиот век.

Тошо, Радио Кочани ти благодари !

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio