Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во „Св. вмч. Пантелејмон”Сестра Руска прими монашки потстриг и го доби името Февронија
На 8 август 2025 година, во навечерието на празникот посветен на Светиот великомаченик Пантелејмон и Светите Седмочисленици, во женскиот манастир “Св. вмч. Пантелејмон” во селото Пантелеј, Кочанско, се одржа свечена вечерна богослужба и монашки потстриг.

Богослужбата ја предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој во текот на службата изврши и монашки потстриг (мала схима) на сестрата Руска, која го доби монашкото име Февронија.

По завршувањето на вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови и го пресече петолебието, а потоа одржа пригодна беседа, обраќајќи се до монашкото сестринство и верниците присутни на свеченоста.

Настанот беше одбележан во духот на молитвата, смирението и духовната радост, а присуството на верниот народ го потврди значењето на манастирот како духовно огниште во кочанскиот крај.

