Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска, манастирот „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј, беше исполнет со верници од сите краеви.
Празнувањето започна уште од синоќа, кога многумина запалија свеќи за здравје и благосостојба, а утрово присуствуваа на светата божествена литургија.
По богослужбата, за сите присутни беше подготвена традиционална манастирска трпеза.
Соборот на овој манастирски комплекс има вековна историја и претставува традиција што се негува секоја година.
Манастирот се наоѓа во селото Пантелеј, на околу 12 километри од Кочани, во живописните падини на Осоговските планини.
