Радио Кочани
Кочани

До 25 август 2025 г. трае јавниот повик за доставување предлози за највисоките награди на Општина Кочани

208

Одборот за доделување награди на Општина Кочани го објави јавниот повик за доставување предлози за доделување на двете највисоки општински награди: за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и за животно дело.

Во периодот од 1 до 25 август, на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, може да се поднесат образложени предлози за двете награди.

Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани, се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Наградата за животно дело се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на  науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оцена на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

Наградите се во форма на плакети.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio