Радио Кочани
Кочани

Обединување на Истокот во борбата против огнената стихија

365

Во знак на поддршка и солидарност, Општина Зрновци обезбедува хуманитарна помош во вредност до 50.000 денари, составена од флаширана вода и конзервирана храна, како поддршка за сите храбри луѓе кои се борат со пожарите и ја штитат природата и животите.

Општина Зрновци се приклучува на хуманитарната акција за поддршка на хероите на теренот – пожарникарите, волонтерите и сите ангажирани екипи кои се борат со огнената стихија во општина Берово – бисерот на Источна Македонија и белите дробови на Татковината.

Како претседател на Источно-планскиот регион, градоначалникот на Општина Зрновци упатува јавен апел до сите градоначалници на 11-те општини – членки на Советот, да го следат овој пример и да се вклучат безрезервно, не само преку хуманитарна акција, туку и со механизација, расположливи материјално-технички средства и човечки ресурси, во поддршка на напорите за справување со огнената стихија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio