Радио Кочани
Кочани

Полицијата со две акции: Уапсен 36 годишен кочанчанец за недозволено оружје, директорка во Виница пријавена за злоупотреба

1,447
На 28.07.2025 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за крининалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio