Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Лишен од слобода 36 годишен кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Денеска (27.07.2025) во 01.48 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Т.С.(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.