Радио Кочани
Кочани

(видео) Дваесет години ФК „Кочани“ – Одржано редовно годишно Собрание

197

Во ресторанот „Аледар“, синоќа, основачите на клубот одржаа редовно Годишно собрание на ФК „Кочани“.

2025 – та е дваесетта година од постоењето на овој клуб, во кој женскиот состав доминира.

ФК Кочани е основан 2005 година, основачкото собрание се одржа токму во „Аледар“ . Прв претседател е Ратко Димитровски, кој и во моментов раководи со клубот.

Истата 2005 – та година пионерската машка екипа на клубот учествуваше на меѓународен турнир што се одржа во Врњачка Бања, Србија и играше финале.

Но, женскиот дел од ФК „Кочани“, сепак, е она што го прави клубот препознатлив.

Кочанчанки сезонава го освоија првото место во Втората лига и обезбедија прволигашки статус  во натпреварувачката 2025/26 година.

Нивните амбиции се борба за средниот дел од табелата и опстанок меѓу прволигашите, а акцентот ќе биде ставен на потенцијалот од сопствените редови.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio