Радио Кочани
Кочани

СВЕЧЕНА ЛИТИЈА И ОСВЕТУВАЊЕ НА СЛАВСКИОТ КОЛАЧ ВО ПАРКОТ ВО КОЧАНИ ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН – ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

2,515

Кочанскиот храм „Св. великомаченик Георгиј“ го одбележува патрониот празник и заштитник на градот – Свети Петар.

Најпрвин во храмот се одржа празнична вечерна богоспужба на која чиноначалствуваше Mитрополитот Брегалнички г. Иларион.

Потоа литијата од црквата се упати кон Паркот на Револуцијата, каде пред мозаикот на апостолите Петар и Павле беше организирано осветување и кршење на славскиот колач.

Празникот Петровден на присутните им го честиташе Mитрополитот Брегалнички г. Иларион и притоа им посака да ги следи здравје, берикет и среќа.

Потоа во дворот на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа молитва за упоконие на младите души кои загинаа на 16 март, а следуваше и  Духовна академија на која настапија машкиот византиски хор „Свети Нектариј Битолски“ и  Детскиот хор „Св. Стилијан“ од Битола.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio