Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В.д. градоначалникот Венко Крстевски тврди дека „навремено аплицирал“ за мерката за вработување 400 пожарникари, но објавува само општински деловоден број, без доказ дека документот е примен и евидентиран кај надлежната институција.
Ако навистина аплицирал – нека објави деловоден број и датум од прием од Владата, а не Општински печат со деловоден број и датум која може да се впише на било кој датум!
И “денешно” пенкало може да запише вчерашен датум но станува збор за кривично дело! Во спротивно, јавноста има право да основано се сомнева дека станува збор за антидатирање – кривично дело според член 361 од Кривичниот законик.
Кочани и понатаму е надвор од мерката за јакнење на противпожарната заштита. Вината е јасна – неспособност и политичка злоупотреба на функцијата!, се вели во соопштението на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Кочан
