Радио Кочани
Кочани

Иницијатива за довршување и осветување на Соборниот храм „Св. Преображение“ во Кочани

2,330

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, започната е иницијатива за довршување и осветување на Соборниот храм „Св. Преображение“ во Кочани.

Храмот се наоѓа во Стопанскиот двор, во близина на Детската градинка и фабриката „Руен“.

Градежните работи започнале во далечната 2006 година, а доизградбата е финализирана во 2021 година.

Денес, овој велелепен храм е внатрешно затворен и подготвен за фрескопишување – фреските се веќе нарачани.

Иконостасот е изработен, а во наредниот период се планира поставување на подот.

Досегашниот напредок е остварен благодарение на помошта од еден благочестив донатор.

Сепак, за целосно довршување на храмот, потребни се дополнителни средства за следните активности:

  • Завршување на фасадата

  • Уредување на дворното место

  •  камбанарија со свеќарник

  • Продавница за свеќи

  • Крстилница

Дел од постоечките помошни објекти ќе бидат реновирани и пренаменети за овие потреби.

Сите верници и луѓе со добра волја кои сакаат да помогнат, може да донираат на следниве начини:

  • Парична донација преку сметката на храмот „Св. Преображение“

  • Директна донација при свештенството во храмот „Св. Георгиј“ – Кочани

  • Донација во градежен материјал (по претходна консултација со свештенството)

  • Доброволна работна рака од мајстори и занаетчии

Оваа хумана и духовна мисија се реализира во соработка со свештенството при храмот „Св. Георгиј“ – Кочани, поддржана од верски организации и бројни благочестиви христијани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio