Радио Кочани
Кочани

Кочанскиот КУД „Руен“ ја освои публиката и жирито во Сандански Бугарија

827

Денеска КУД „Руен“ – Кочани, учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал во Сандански, Бугарија.

Фестивалот беше од натпреварувачки карактер, а нашето друштво се претстави со автентични ора, носии и македонска традиција. Како резултат на одличниот настап, освоивме плакета за одлично претставување, што претставува уште едно признание за трудот и љубовта што ја вложуваме во зачувувањето на македонската култура и фолклор.

Со гордост се враќаме дома, збогатени со нови искуства, пријателства и уште една потврда за квалитетот на нашата работа!

Изјави за Радио Кочани Тихомир Алексов предводник на КУД „Руен“

Со учеството на овој фестивал, КУД „Руен“ уште еднаш покажа дека со посветена работа, љубов кон фолклорот и тимски дух, македонската традиција може гордо да се претстави и надвор од границите на државата.

Освоената плакета не е само награда, туку и мотив повеќе за понатамошна работа и развој.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio