Радио Кочани
Кочани

ДЕНЕСКА Е ПРВ ДЕН ОД ЛЕТОТО – КАКВО ЛЕТО НЕ ОЧЕКУВА?

383

Летото на северната полутопка на Земјата официјално започна утрово во 4:42 часот, додека зимата започна на јужната полутопка во исто време.

За жителите на Северната хемисфера, летото започнува во моментот кога северниот дел од оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на Сонцето напладне е најголема во текот на годината.

Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната полутопка.

На денот на почетокот на летото, ноќта е најкратка, а денот е најдолг.

Сонцето денеска изгреа во 04:52 часот, а ќе зајде во 20:27 часот, што значи дека дневната светлина ќе трае 15,36 часа, а ноќната светлина осум часа и 24 минути.

Какво лето не очекува

Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон Mакедонија , од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Кочанскиот регион, во текот на следната работна седмица ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе се покачат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во Повардарието од средината на следната седмица температурата ќе се искачува до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата во текот на следната работна седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio