Радио Кочани
Кочани

Завршна презентација за проектот „Намалување на загубите на вода во системот за водоснабдување и искористување на сончевата енергија во комуналните јавни претпријатија во општина Кочани“

334
Денеска, на Пречистителната станица за отпадни води во село Мојанци се одржа свеченост по повод завршувањето на проектот „Намалување на загубите на вода во системот за водоснабдување и искористување на сончевата енергија во комуналните јавни претпријатија во општина Кочани“.
За целите и значењето на проектот и на соработката говореа словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, директорот на Директоратот за развојна соработка и хуманитарна помош во Министерството за надворешни и европски работи во Словенија Едвин Скрт и в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.
Со овој проект, на Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци се поставени фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и од 120 киловати. Инсталацијата е реализирана со грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија во износ од 223.936 евра, а ист износ на средства беше издвоен и од Буџетот на Општина Кочани.
Со проектот е набавена опрема за детектирање на загубите на вода, реализирана обука на вработените за користење на опремата и се поставени водомери кај социјално-ранливи категории граѓани.
Целта на проектот е со набавка и инсталирање на современа опрема, да се спречат загубите во водоснабдителниот систем, а со производство на струја од фотоволтаичните централи да се намалат сметките за вода на граѓаните на Кочани.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio