Радио Кочани
Кочани

Крводарителска акција во ОВР – Кочани

294
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
На акцијата крв даруваа 7 крводарители.
Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Црвен крст Кочани во соработка со ОВР – Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции во просториите на полициската станица во месеците март, јуни и ноември.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio