Радио Кочани
Кочани

Во тек е пријавувањето за Илинденските спортски игри во Чешиново – Големи награди за прво и второ место

1,170

Општина Чешиново-Облешево ќе биде домаќи на Илинденските спортски игри, што годинава ќе се одржат по 53. пат.

Пријавувањето на спортските екипи е во тек,  а потоа ќе биде организирано и ждребување.

Организацискиот одбор испрати повик до сите месни заедници во Источниот регион да ги известат заинтересираните екипи од нивите места да се пријават за учество на натпреварот.

Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево и годинава обезбеди награди.

Првопласиранта ќе добие 140.000 денари, за втората екипа обезбеден е износ од 70.000 денари, а ќе биде прогласен и најдобриот играч на натпреварот.

Финалето ќе се одржи на празникот Илинден, 2 август, а организатор на традицоналниот настан е Општина Чешиново-Облешево.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio