Радио Кочани
Кочани

Од отпад до модна писта: Креативен еко-настан во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

456

Денес, во OOУ „Св. Кирил и Методиј“ се одбележа Светскиот ден за заштита на животната средина.

Учениците и наставниците од одделенската настава во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, овој ден го одбележаа на креативен и необичен начин – со Еко модна ревија.

Учениците покажаа како од отпаден материјал може да се создаде мода – еко-облека направена од стари весници, ќесиња, картони, пластични капачиња и уште многу други предмети кои добија нов живот во рацете на креативните ученици и нивните наставници.

Оваа ревија имаше една цел, да покаже дека може сите да бидат еколошки свесни, креативни и одговорни граѓани уште од најмали нозе.

Моделите прошетаа по импровизираната писта и ги покажаа своите уникатни еко-креации.

Секој учесник во ревијата доби пофалница за успешно и креативно учество во еко-модната ревија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio