Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ОМУ „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – Фонзи Јуруков со интересна приказна за неговото име
ОМУ „Ристо Јуруков“, денеска одбележува 98 години од раѓањето на нивниот патрон, професорот Јуруков.
На скромниот настан присуствуваа синот Фонзи Јуруков, поранешни и сегашни вработени и членови на училишниот одбор.
Училишниот хол одсега ќе биде збогатен со бистата на Ристо Јуруков, а честа да ја откријат ја имаа диркторката Марија Лазарова и неговиот син Фонзи Јуруков.
Вниманието на присутните го привлече синот на Јуруков, кога соопшти како настанало неговото име.
Годинава патрониот празник помина без музика поради трагедијата на 16 март.
