Радио Кочани
Кочани

Во Дортмунд како во Македонија

360

Во Дортмунд како во Македонија.

Вчера, Црковната општина Св.Кирил и Методиј од Дортмунд го одбележа своето 35 години постоење.

Се отслужи св.Литургија на која присуствуваа домаќинот протојереј ставрофор Душко Пецов со повеќе свештеници од Европа.

На овој свечен чин присуствуваше амбасадорот од Берлин г.Села,конзулот од Бон г.Амон,градоначалникот на Дортмунд-Шарнхорст г.Голник, почитуваниот г.Рудигер Шмидт ,председателот на Црковната општина г.Зоран Ташов претставници од Германската власт и многу делегати -претставници од Црковните општини.

На св.Литургија присуствуваше многуброен верен народ а после тоа се оддржа народна веселба во дворот со македонска музика.

Голема пофалба за сите дечиња,членовите на Црковниот одбор и други кои несебично помагаа во оваа организација.

Црквата во Дортмунд е пример не,само како се сака и зачувува верата туку и како се чуваат семејните вредности и традиции.

За многу години.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio