Радио Кочани
Кочани

Беса се премисли и ќе игра во Втора лига, ќе има ждрепка за Осогово и останатите поразени од баражот!

603

Иако првично преку официјално соопштение информираше дека се повлекува од натпреварувањето откако испадна од Првата лига, екипата на Беса сепак ја промени одлуката и ќе продолжи да се натпреварува во Втората лига.

Оваа неочекувана разврска донесе нова ситуација во битката за пополнување на второлигашките места. Поради останувањето на Беса во Втора лига, ќе се организира ждрепка за тимовите кои беа поразени во баражите за влез во ова натпреварување.

Ждрепката ќе ја чекаат три екипи:

  • Осогово (Кочани)

  • Големо Коњари

  • Преспа

Од нив, само две ќе добијат шанса да играат во Втората лига следната сезона, додека една екипа ќе остане без промоција.

Очекувањата се дека Фудбалската федерација наскоро ќе ја објави точната дата и начин на спроведување на ждрепката.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio