Радио Кочани
Кочани

ТППЕ и ДПД – Кочани го прославија Денот на пожарникарите

271

Денеска, во кругот на ТППЕ – Кочани, пожарникарите го одбележаа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

В.д градоначалникот Крстевски им се заблагодари на кочанските пожарникари и пожарникарите доброволци  за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат при вршењето на својата работа, за заштита на безбедноста на граѓаните.

Наградата за Најдобар пожарникар во 2024 година му припадна на Трифче Лефков од ТППЕ, а има и 11 годишно искуство.

Признанието за најдобар доброволен пожарникар, му беше врачено на Даниел Јорданов од ДПД.

Според командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов, изминатава 2024 година имале 329 интервенции

Радио Кочани на нашите пожарникари им го честита празникот и им посакува што помалку работа во оваа тековна 2025 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio