Радио Кочани
Кочани

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев го освои златниот медал на 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада

1,519

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев, повторно блесна и ни покажа што значи вистински успех!

На 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада (ЈММО), што се одржа на 18 мај на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје,  тој го освои златен медал, со што, уште еднаш потврди дека неговото име е синоним за знаење и посветеност.

Овој нов триумф доаѓа само еден месец по неговиот златен медал по информатика, што ја прави неговата деветтоодделенска учебна година навистина блескава.

Неговата љубов кон науката, макотрпната работа и упорноста се препознаваат во секој негов успех.

Постигнувањата на Владимир се гордост не само за неговото семејство и училиште, туку и за целиот град Кочани.

Тој е инспирација за многу млади, доказ дека талентот, кога е придружен со труд, секогаш наоѓа пат до врвот. Честитки, Владимир! Продолжи да не радуваш и инспирираш – иднината е твоја!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio