Радио Кочани
Кочани

„МЕПСО“ ЗА ПРИЧИНАТА ЗОШТО МАКЕДОНИЈА ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА

971

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Кочани, Скопје, Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Крушево беа без електрична енергија.

Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.

Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.

Електричната енергија се врати во функција за еден, а во некои часа за два часа по прекинот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio