Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Моментално имаме потреба од 2(две) ново вработени лица за работно место:
Техничар за квалитет
Одговорности и задачи:
– Креирање и проверка на документите за одобрување на дневно производство (валидација) и записи за линија
– Aнализа на грешките од производство (дневна, неделна, месечна), физичко шкартирање на истите и изработка на МАS документ.
– Учество во неделната и месечната анализа на грешките
– Контрола на активностите зададени во QRQC, акциони планови, спроведување на следење на грешките
– Дневен LPA аудит и подготовка на акционен план спооред пронајдените забелешки
– Red Bin проверка низ производните линии
– Спроведување на 5S проверка
– Директна комуникација со операторите поврзана со предлози за подобрување на процеси
– Проверка на спроведување на одобрување на дневно производство (валидација) и записи на линија (превентивно одржување, Control Plan, работни упатства, записи за грешки, следење на материјал)
– Организација на акција за сортирање и обука на операторите од производство кои треба да ја спроведуваат акцијата, евиденција на резултатите од сортирањето
– Мерење и проверка на специјални карактеристики, внесување на вредности во SPC IPC монитор и евалуација на истите
Потребни квалификации:
-
Минимум средно образование (Предност – Високо образование)
-
Одлично познавање на работа со компјутер
-
Англиски јазик
-
Статистички методи за обработка на податоци
-
Организираност, тимски работник, самостојност
