Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани бара фирма која ќе врши терестичко, ларвицидно и авиотретирање на комарците

652

Општина Кочни објави оглас, со кој бара фирма која ќе врши терестичко, ларвицидно и авиотретирање на комарците.

Eкономскиот оператор, дезинсекцијата треба  да ја изврши со воднонорастворлив широкоспектарен инсектициден препарат, што  е одобрен од Бирото за лекови.

Терстичкото третирање треба да се врши со машински прскалки  на вкупна површина од 900 хектари на подрачјето на општината, со максимум три третмани, со офат од по 300 хектари во населените места од полскиот и ридскиот дел.

Ларвицидното третирање, пак, ќе се врши по течението на Кочанската река од градот кон Браната Гратче и на локации со застојани води.

Планирани се да се спроведат четири третмани од март до јуни на вкупна површина од 24 хектари.

Авио третирањето треба да опфати површина од 3.400 хектари на подрачјето на општина Кочани, со максимум два тртмани на годишно ниво.

Право на учество имаат сите физички или правни лица , а тие треба да ја понудат цената која ги вклучува сите трошоци и попусти.

Набавката ќе биде сукцесивна и ќе се однесува за переиод од 12 месеци.

Крајниот рок за доствување на понудите е до 26 мај, а се поднесуваат до системот за Јавни набавки. Договорот ќе биде склучен со понудувачот кој доставил најповолн понуда.

Јавната набавка се спроведува согласно потребите за реалзизација на активностите од програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од зарзани болести за 2025 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio