Радио Кочани
Кочани

ЦК „Бели мугри“ – На 16 мај работилница и изложба на оригами

129
В петок, 16.05.2025 г., во ЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи  работилница и изложба на ОРИГАМИ. (Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија).

Под менторство на Александар Богданов, со почеток во 10 часот во малата сала, ученици од основните училишта ќе изработуваат ОРИГАМИ.
Нивните изработки од хартија ќе бидат изложени истиот ден во  Фоајето 1  на Националната установа  во 14 часот. Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните две седмици.
Проектот е дел од Годишната програма на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани, со финансиска подршка од Министерството за култура и туризам.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio