Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани и „Амфенол технолоџи Македонија“ отпочнуваат со решавање на деценискиот проблем на жителите од селото Тркање

484

Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски одржа работен состанок со раководството на „Амфенол технолоџи Македонија“, на кој се дискутираше за проблемот со тешките товарни возила, со кој се соочуваат жителите на Тркање.

На состанокот е договорено, врз основа на донесените инфраструктурен и идеен проект, да се изработи основниот проект за новиот пат за поврзување на м. в. Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Се очекува проектантите во најкус можен рок да го изработат основниот проект.

Во меѓувреме Општина Кочани ќе отпочне со експропријација на трасата предвидена во идејниот проект за овој пат.

Откако ќе биде изработен основниот проект, изградбата на дел од патниот правец ќе биде финансирана од страна на „Амфенол технолоџи Македонија“, сe со цел за 3-4 месеца да се реши проблемот на жителите на Тркање.

Како привремено решение, Општина Кочани веднаш ќе започне со санирање на оштетените делови од патот со тампонирање и валирање.

В. д. градоначалникот Крстевски се надева дека ќе се реши уште еден децениски проблем, за што бара разбирање од жителите на селото Тркање.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio