Радио Кочани
Кочани

Во храмот „Св. Атанасиј Велики” – Оризари, в четврток Света Литургија на која ќе чиноначалствува Митрополитoт Брегалнички Иларион

651

По повод престојниот празник пренесување на светите мошти на Св. Атанасиј Велики кај народот попознат како летен св. Атанас, во храмот „Св. Атанасиј“ во Оризари, в среда, 14.05.2025 год. со почеток од 17 часот ќе се Богослужи Вечерна Богослужба.

На самиот празник, односно в четврток, 15.05.2025 год. ќе се Богослужи утрена со почеток од 07 часот, а од 08 часот ќе се Богослужи Света Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

По Светата Литургија ќе се изврши мал водосвет, ќе се пресечат славските колачи (кумства) и потоа ќе се дели благословен ручек.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio