Радио Кочани
Кочани

Улицата „Генерал Апостолски“ се подготвува за асфалтирање

372

На улицата „Генерал Апостолски“, којашто ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, продолжуваат градежните активности.

Изведувачот на работите „Коле-транс инженеринг“ од Штип работи на тампонирање и подготовка за асфалтирање на коловозот и на велосипедската патека на оваа улица. Тротоарите од двете страни, со ширина од 2 м, веќе се изведени.

Кракот од улицата „Генерал Апостолски“ е долг 223 м, со ширина од 6,5 м, со  велосипедска патека широка 1,5 м.

За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.618 денари од сопствениот буџет.

Улицата „Генерал Апостолски“ е пробиена пред повеќе од 30 години, но досега не беше асфалтирана.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio