Радио Кочани
Кочани

Генералка викенд во Кочани

242

Околу 200 учесници од различни возрасти, професии, институции и граѓански здруженија се вклучија во најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд во Кочани.

Годинава акцијата во Кочани ја координираа физички лица, поединци кои упатија апел за поголема грижа за јавната хигиена и за селектирањето на отпадот во секојдневното живеење.

Поддршка на акцијата даде и в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека минатите две седмици комуналните служби направија силни напори Кочани полека да ја доведе на повисоко ниво чистотата на јавните површини.

Собраниот отпад во акцијата Генералка викенд ќе се мери, ќе се рециклира, а дел ќе се транспортира на Градската депонија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio