Радио Кочани
Кочани

Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни

798

Утрово добив информација дека имало незадоволство околу почетокот на сеидбената сезона во делот на оризопроизводството. Затоа денеска дојдов тука на работен состанок со оризопроизводителите за да разговараме за наводнувањето, околу почетокот на сеидбата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Чешиново Облешево.

„Заедно со директорот на АД Водостопанство, во чија надлежност е пуштање на водата до оризовите полиња сме помеѓу земјоделците. Утрово директорот на Управата за хидрометеоролошки работи ме извести дека во наредниве денови ќе имаме интензивни врнежи што значи дека хидролошката состојба ќе се подобри“, појасни тој.

Министерот посочи дека заедно со директорот на АД Водостопанство ќе разговараат со земјоделците бидејќи од нивна страна имаше барање високите зони, песокливите површини да бидат ненасеани со ориз, а се останато да биде покриено вода. „Информацијата што ја разменивме заедно со директорот со земјоделците е дека водата уште денеска ќе биде пуштена за да се запазат оптималните рокови кои согласно науката велат дека треба до 15-ти мај да се заврши сеидбата.

Така да во делот на она што значи поплавување со површини на вода очекувам дека нема да има проблем, земјоделците треба да бидат спокојни“, додаде министерот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio