Радио Кочани
Кочани

Амбасадорката на САД во посета на „Амфенол“

800

Вчера амбасадорката на САД, Г-ѓа Ангела Агилер, оствари официјална посета на ,,Амфенол Технолоџи Македонија” во Кочани. Амбасадорката беше пречекана од страна на директорот Г-дин Сашко Наков и менаџерскиот тим, кои ја презентираа работата на компанијата, нејзините производи и идните планови за развој.

Оваа посета беше исклучително позитивна и корисна за двете страни. Дискусиите се фокусираа на голем број теми, вклучувајќи ја и ситуацијата во Кочани.

Амбасадорката изрази задоволство од постигнувањата на компанијата и ја истакна важноста на соработката помеѓу приватниот сектор и дипломатските преставништва, во насока на економски развој и иновации.

Посетата заврши со обострана подготвеност за понатамошна комуникација и соработка.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio